Денес започна новата сезона на WRC, а светскиот првак Себастијан Лоеб е победник на првиот ден со предност од 1.20.30 минути во однос на второпласираниот Себастијан Ожие.
Во вистински зимски амбиент, по снег и мраз, релито го поведе сјајниот Француз Себастијан Ожие, но за кратко време Лоеб го престигна и ја освои првата позиција. Останатите двајца возачи на Абу Даби тимот на Citroen ги завземаа третата и четвртата позиција, така што Мико Хирвонен заврши на третото место, додека Дани Сордо го освои четвртото место, а веднаш зад него се најде Јари-Мати Латвала.
Ова беше одличен почеток за фабричкиот тим на Volkswagen – пилотите на новото Polo R WRC се најдоа на втората и петтата позиција – па во иднина очекуваме уште подобри резултати. Во првиот ден дури седум возачи излетаа од тешката стаза и не успеаа да стигнат до целта.
Водечки позиции од првиот ден:
Поз. Возач Тим/Автомобил Време/Разлика 1. Себастијан Лоеб Citroen 1h39m49.0s 2. Себастијан Ожие VW + 1m20.3s 3. Мико Хирвонен Citroen + 1m46.7s 4. Дани Сордо Citroen + 2m01.2s 5. Јари-Мати Латвала VW + 2m32.2s 6. Евгени Новиков Qatar M-Sport Ford + 2m50.6s 7. Брајан Буфие PH Citroen + 2m57.1s 8. Јухо Ханинен Qatar M-Sport Ford + 3m03.5s 9. Мадс Остберг Qatar M-Sport Ford + 4m45.1s 10. Мартин Прокоп Czech Ford + 7m11.0s