Cadillac ELR Hybrid – згодниот брат на Opel Ampera – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Cadillac ELR Hybrid – згодниот брат на Opel Ampera

Cadillac ја претстави сериската верзија од концептот Converj четири години по неговата премиера на тогашниот саем во Детроит во 2009.

Новиот ELR остана верен на својот концепт со скоро идентичен изглед. Поставен е на истата платформа со Chevrolet Volt и Opel Ampera, но е поголем од нив и се протега во должина од 4,724mm, 1,847mm ширина и 1,420mm височина. Сепак, поради поширокиот траг на тркалата, измените во суспензијата и 20-инчните тркала нуди поспортско возење од неговите близнаци, а разликите продолжуваат и во ентериерот кој изгледа далеку полуксузно и попривлечно.

Неговиот хибриден погон е составен од 1.4-литарски атмосферски бензински агрегат со 85 кс поврзан со два електрични мотори и литиум-јонски батерии со јачина од 16.5 kWh, кои заедно произведуваат 207 кс и 400 Nm вртежен момент достапен во секој момент.

Автомобилот забрзува од место до 100 км/ч за околу 8 секунди и достигнува максимална брзина од 160 км/ч. Во целосно електричен режим на работа поминува 56 километри без капка гориво и со нулта емисија на издувни гасови, а кога ќе се вклучи бензинскиот мотор опсегот се зголемува на 480 километри.

Cadillac ELR ќе започне со производство во крајот на 2013, а ќе започне со продажба во почетокот на 2014.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.