Наскоро палетата на модели на Германскиот бренд ќе се зголеми за уште еден модел, односно помал роудстер со преден погон.
Z2 ќе биде втор од 23те модели поставени на новата UKL1 платформа со погон на предните тркала, кои ќе се придружат на гамата на Mini и BMW, по Серија 1 GT. Моделот ќе го оживее духот на Z3, што значи дека ќе има приближна големина, но ќе користи преден погон за да ги намали трошоците и да понуди планираната цена од околу 19,000 евра.
Малиот роудстер е планиран да го опфати пазарот под Z4, а за негов најголем конкурент се сметаат претстојаните Mazda MX-5 и Alfa Romeo Spyder. Z2 ќе биде погонуван од алуминиумски 2.0-литарски турбо мотор со сила од 170 до 300 кс во најсилната М изведба, а најверојатно во понуда ќе биде и погон на сите тркала.