Hennessey Venom GT забрзува од 0-300 км/ч за само 13.63 секунди! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Hennessey Venom GT забрзува од 0-300 км/ч за само 13.63 секунди!

Американскиот Hennessey Venom GT доби сертификат од Гинисовата книга на рекорди за најкратко забрзување од 0-300 км/ч.

Venom GT , придвижуван од 7-литарски V8 твин-турбо агрегат со 1200 кс, само што го собори светскиот рекорд за забрзување од 0 до 300 км/ч. За времето што му е потребно на еден обичен градски автомобил да достигне 100 км/ч, Venom GT може да достигне три пати поголема брзина.

За брзина од 300 км/ч на Американскиот суперавтомобил му се потребни само 13.63 секунди, што го прави најбрз автомобил во светот до назначената брзина. Луѓето од Гинис го забележаа ова, како и фактот дека Venom GT го надмина Koenigsegg Agera R за 0.9 секунди.

Ова не е првиот рекорд за забрзување поставен од Venom GT, бидејќи Американскиот модел неодамна достигна 370 км/ч за точно 20 секунди!



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.