Toyota GT86 GRMN Sports FR Concept Platinum – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Toyota GT86 GRMN Sports FR Concept Platinum

Gazoo Racing настапи на овогодишниот автомобилски саем во Токио со GRMN Sports FR Concept Platinum, базиран на Toyota GT86.

Очигледно Јапонскиот тјунер не бил задоволен од изгледот на серискиот модел на GT86 па затоа го опремил со целосно различни предни светла, вентилирачки хауба и браник, додека на задниот дел има нови светлосни групи, нов дизајн на браникот со дифузер и редизајниран поклопец на багажникот со огромен спојлер. Тука се исто така и нови пошироки крила под кои се наоѓаат 18-инчни алуминиумски фелни со 245/40 предни и 265/35 задни пневматици.

Во внатрешноста се забележува инсталација на заштитен кафез, тркачки волан и седишта со појаси во четири точки на закопчување.

Најзначајната промена се наоѓа под хаубата, каде што 2.0-литарскиот четири-цилиндарски боксер агрегат доби засилување од компресор и турбополнач како и разни други надоградби кои ја зголемија силата на 330 кс и 431 Nm вртежен момент. Силата се испорачува кон задните тркала преку шест-степен рачен менувач со механички диференцијал со ограничено пролизгување. Направени се и дополнителни измени на суспензијата и сопирачките на автомобилот.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.