Прва фотографија од новата E-Class AMG на Mercedes-Benz – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Прва фотографија од новата E-Class AMG на Mercedes-Benz

Во промотивна фотографија за освежената E-Class, Mercedes-Benz ја покажа и освежената AMG верзија!

E63 AMG ќе го има своето деби во Детроит, а се очекува под поклопецот на моторот да се најде 5.5-литарски V8 мотор кој испорачува 550 коњски сили и 720 Nm вртежен момент. Од Mercedes-Benz сеуште не сакаат да ги објават официјалните бројки и податоци, но потврдија дека ќе може да се нарача 4Matic систем за погон на сите четири тркала.

Секако, ова доаѓа во исто време со освежената E-Class седан и Coupe/Cabriolet.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.