Ferrari Xezri Design Concept во тркачки костум – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Ferrari Xezri Design Concept во тркачки костум

Минатогодишниот второпласиран на светскиот натпревар во дизајн на Ferrari, Самир Садиков, претстави тркачка верзија од концептот со кој учествуваше на натпреварот.

Новата креација претставува далеку поспортско возило од оргиналниот емотивен дизајн. Се забележуваат нов асортиман од додатоци за зголемување на потисната сила. Тука спаѓаат голем преден сплитер, отвори за воздух на предните крила, странични прагови, голем заден спојлер, заден дифузер, отвор за воздух на покривот и поинакви тркала.

Мораме да признаеме дека концептот изгледа одлично, а многубројните тркачки додатоци го прават да изгледа уште поагресивно и попривлечно. Се надеваме дека и наредните официјални модели на Ferrari ќе изгледаат толку привлечно.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.