Се појавија првите официјални фотографии од целосно новиот кросовер на Францускиот бренд Peugeot, 2008.
Серискиот модел е многу сличен на неговиот концепт, претставен на саемот во Париз минатата година, што значи дека неговите надворешни димензии не се разликуваат многу од тие на студијата, која мереше 4,140 mm должина и 1,740 mm ширина.
Моментално не се објавени деталите за новиот Француски кросовер, но претпоставуваме дека ќе ги дели дизелските и бензински погонски единици со малиот 208, каде што врвот во понудата е 1.6-литарски четири-цилиндарски турбо бензински агрегат со 154 кс.
Официјалната светска премиера на новиот 2008 ќе се одржи на автомобилскиот саем во Женева во почетокот на Март, додека продажбата ќе започне подоцна оваа година.