Десет дена до почетокот на еден од најпознатите автомобилски саеми – Detroit Auto Show. Пред самиот почеток, да прегледаме ќе видиме на овој саем – кои новитети, концепти или сериски автомобили?
Автомобилскиот саем во Детроит е можеби и најзначајниот саем на автомобили во овој момент. Токму тука ќе видиме неколку автомобили кои со нетрпение ги очекуваме – почнувајки од BMW M6 Gran Coupe, Mercedes-Benz CLA, VW Golf R Cabriolet, Maserati Quattroporte и други.
Можеби и најзначајниот новитет кој не очекува во Детроит е представувањето на седмата генерација на Corvette, а доколку таа не го привлече сето внимание, GM има уште еден новитет – Cadillac ELR хибридното купе.
Значајни новитети може да видиме и од Германците, пред се од BMW кои во Детроит ќе ја претстават новата серија 4, за која веќе во неколку наврати пишувавме. Mercedes пак ќе го претстави својот премиум компакт седан – CLA, како и фејслифтот на E-Class. Volkswagen пак ќе не израдува со кабриолетската R изведба на Golf.
Во Детроит меѓу другото официјално ќе ги видиме и Maserati Quattroporte, Bentley Continental GTC Speed, фејслифтот на BMW Z4, MINI Paceman JCW Edition и уште многу други изненадувања.