Top Gear се враќа на 27ми Јануари! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Top Gear се враќа на 27ми Јануари!

Џереми Кларксон, Ричард Хамонд и Џејмс Меј се враќаат на екраните во 19тата сезона на ултра популарната британска емисија за автомобили Top Gear.

Новата сезона ќе содржи патување низ САД, во кое Џејмс Меј патува во жолт Lexus LFA, Џереми Кларксон вози светло син Aston Martin AM 310 Vanquish, а Ричард Хамонд е сместен во кабината на нов црн SRT Viper. Сезоната ќе опфати и преглед на Pagani Huayra, рели предизвик со Bentley Continental GT SPEED, како и нова авантура со непобедливата Toyota Hilux.

Сепак, има и лоши вести. Изгледа дека 19тата сезона ќе биде најкратка досега, бидејќи се зборува дека ќе се состои од само пет епизоди.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.