Швајцарската тјунерска компанија Sportec претстави засилена верзија од најспортската верзија на А3, која нуди импресивни перформанси.
Додека стандардниот модел на 2012 RS3 е погонуван од 2.5-литарски пет-цилиндарски турбо агрегат со 340 кс и 450 Nm вртежен момент, засилената верзија од Sportec испорачува 470 кс и 625 Nm максимален вртежен момент, благодарение на поголем турбополнач, спортски издувен систем и поголем интеркулер.
Резултат на трудот на Швајцарскиот тјунер е забрзувањето од 0-100 км/ч кое трае само 3.8 секунди, додека 200 км/ч се достигнуваат за 13.9 секунди. Возилото може да достигне максимална брзина од 302 км/ч.
Audi RS3 by Sportec вози на Bilstein суспензија со Michelin Sport Cup пневматици, и е опремен со Haldex Performance кит. Исто така доаѓа со пошироки предни крила и можност за избор помеѓу три модови на возење: Eco, Stock и Race, ако воопшто постои автомобил со 470 коњски сили кој може да се нарече „еколошки“.