Следниот Nissan GT-R ќе биде хибриден? – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Следниот Nissan GT-R ќе биде хибриден?

Nissan GT-R не само што ја промени дефиницијата за супер автомобил, туку исто така значајно отстапи од претходните генерации на автомобилот.

Следната генерација на Nissan GT-R беше планирана да дебитира во 2015, но последните извештаи сугерираат дека неговата промоција ќе се одложи за 2017 или 2018, и поради ова одолговлекување, Nissan ќе има дополнително време за да го доразвие R36 GT-R.

Се зборува дека наследникот ќе ги задржи истите пропорции, но ќе се одликува со поспортски дизајн кој ќе ги зголеми потисната сила и стабилноста при високи брзини. Со цел да ги исполни новите стандарди за енергетска ефикасност и емисија на издувни гасови, новиот GT-R би можел да биде опремен со хибриден систем сличен на 3.7-литарскиот погон кај Infiniti Essence концепт, претставен на автомобилскиот саем во Женева во 2009.

Втора опција за Nissan би била намалување на зафатнината на моменталниот агрегат со додавање на посилен турбополнач, што би резултирало со намалена потрошувачка на гориво и издувни гасови. Покрај ова, се споменува дека GT-R исто така стандардно ќе биде опремен со старт-стоп систем, како и технологија за деактивација на цилиндрите.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.