Wald International Toyota GT86 – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Wald International Toyota GT86

Јапонските тјунери од Wald International го подготвија нивниот втор стајлинг пакет за Toyota GT86!

Иако ние сметаме дека на Toyota GT86 не и се потребни екстремни визуелни додатоци, сепак новиот пакет на Wald International кој вклучува преден браник, странични прагови, проширувања на крилата, заден браник, дифузер и спојлер изгледа привлечно и ја зголемува агресивноста на малиот спортски автомобил.

Делови од пакетот се веќе достапни во Јапонија по цена од околу 2600 евра, а цената за останатите компоненти ќе биде наскоро објавена. Не знаеме дали тјунираната верзија на Wald International има и некакви механички измени. Колку да се потсетиме, под поклопецот на моторот се крие 2-литарски боксер мотор кој испорачува 200 коњски сили.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.