Објавени се кандидатите кои ќе се борат за изборот за Европски Автомобил на Годината за 2013!
Комитетот кој го избира Европскиот Автомобил на Годината ја објави листата на финалисти кои ќе се борат за оваа награда. На почетокот беше објавена листа од 34 кандидати, а од таа листа беа избрани финалистите. Вообичаено листата содржи 7 кандидати, но бидејќи два од автомобилите кои беа рангирани имаат ист број на поени, комисијата реши овогодинешната листа да биде проширена на 8 автомобили.
Кандидатите кои ќе се натпреваруваат оваа година се следните:
- Ford B-Max
- Hyundai i30
- Mercedes Benz A-class
- Peugeot 208
- Renault Clio
- Subaru BRZ / Toyota GT86
- Volkswagen Golf
- Volvo V40
Победникот ќе биде избран на 4ти Март следната година, за време на автомобилскиот саем во Женева. Ние им посакуваме среќа на сите кандидати, кои заслужено се најдоа во потесниот избор! Ако сакате, можете да се вклучите во дискусијата за Европски Автомобил на Годината на нашиот форум.