Како се тестираат новите автомобили? Во Ford малку поинаку и екстремно! Од екстремни патишта до екстремни температури – сѐ ова треба да го помине Fiesta.
Фејслифтот на Fiesta подлежи под многу ригрозни тестови со цел компанијата да се увери дека нивниот автомобил ќе ги задоволи потребите на купувачот и ќе успее да издржи тешки предизвици во реалниот живот. Сето ова не би било толку чудно доколку би се работело за некој ултра скап автомобил, но на наше пријатно изненадување, можеме да се увериме дека и „обичните“ градски автомобили поминуваат вакви тестови.
Малата Fiesta успеа да помине 1.2 милиони километри на јавни патишта и дури 850.000 илјади километри на тест стаза која е специјално направена за ваква намена, што е сериозно импресивен податок за издржливоста на Fiesta!
Освен тоа, градскиот адут на Ford беше изложен на ледено ниски температури од -40 C па се до пеколни 82 C.
Според главниот инженер во Ford сите овие симулации и тестирања овозожуваат Ford да произведува се позидржливи автомобили во иднина, а нивните купувачи да бидат убедени дека нивниот автомобил може да се соочи со сите предизвици во реалниот живот.
Освен овие тестови, Ford прави свои тестови во лабараториите каде се прегледува издржливоста на одделни компоненти. Така се тестира издржливоста на поклопецот на моторот кој треба да издржи 36 kg притисок без да се оштети – но не еднаш, туку дури 3.000 пати. Со ова Ford се обидува да го симулира отоварањето и затворањето на поклопецот на моторот во реалниот живот.
За тестовите да бидат што е можно пореални, Ford регрутирал 100 возачи на кои им се доделни 100 фиести кои треба да ја тестираат fiesta до максимум и да го пријават дури и најмалото крцкање во кабината.
Според зборовите на главниот инженер во Ford, секојдневните детални тестови под кои подложи новата Fiesta ќе овозможат во иднина драстично да се промени возачкото искуство за овој автомобил.