Volkswagen Eco UP! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Volkswagen Eco UP!

Денес Volkswagen претстави уште поекономична верзија на својот градски адут Up! Сега Up! е модификуван и може да се вози на природен гас, биометан или пак на бензин.

Природниот гас (CNG) е најветувачката алтернатива на бензинот во Европа. Една од придобивките на природниот гас е неговата поголема енергија. Така од VW тврдат дека еден килограм природен гас има 11,69 kW, додека нафтата и бензинот имаат помала енергија, 9,86 kW односно 8,77 kW.

Eco Up! е опремен со три резервоари кои се наоѓаат под подот на автомобилот. Овие три резервоари се наменети за бензин, природен гас и биометан.

VW изјави дека 1.0 литарскиот мотор кога е погонуван од природен гас има моќност од 67 КС и 90 Nm вртежен момент, па така забрзува до 100 km/h за 16.3 секунди. Брзината не е најјаката страна на Eco Up! но затоа потрошувачката е! Германците тврдат дека овој градски малишан има комбинирана потрошувачка од 2.9 kg природен гас на 100 км, што е навистина импресивно.

Цената на Eco Up! ќе изнесува окол 12.950 евра. Сепак тоа е и главниот адут на Eco Up! имајќи во предвид дека при купување на вакво возило во Германија следуваат субвенции од државата, како и помали давачки за истото.



Во своите најлуди соништа Димитар вози Ford Fiesta ST, а во реалноста ја обожава својата "нормална" Fiesta. Среќен што е дел од CARclub.