Како и секогаш, меѓу првите во светот ви ги пренесуваме најсвежите информации, а така е и денес – ја имаме честта да ви ги претставиме првите фотографии од новото BMW 4-Series Coupe!
BMW 4-Series Coupe е всушност BMW Серија 3, но во купе изведба. Сеуште немаме конкретни информации околу моторите, ниту пак перформансите, но со оглед на тоа дека фотографиите „протекоа“, сосем е сигурно дека BMW ќе ги објави и официјалните детали наскоро. Она што можеме да приметиме е дека новото купе изгледа привлечно од скоро секој агол, и дека има голема доза на агресивност. Според нас, ова е еден од најпривлечните дизајни на BMW во изминатите неколку години.
Иако ова е сеуште само концепт, од искуството што го имаме со BMW, можеме да кажеме дека ова е многу верно до финалната верзија која ќе оди во производство.
Кога ќе имаме повеќе информации, со сигурност ќе ги пренесеме. Во меѓувреме, погледнете ги фотографиите и уживајте во фактот дека сте едни од првите во светот кои ги гледаат!