И Mitsubishi Outlander освои 5 ѕвездички на Euro NCAP! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

И Mitsubishi Outlander освои 5 ѕвездички на Euro NCAP!

Најновата генерација на Mitsubishi Outlander, која е веќе достапна на Македонскиот пазар, освои максимални 5 ѕвездички на тестот за безбедност – Euro NCAP!

Според експертите од Euro NCAP, Outlander ги заслужил 5-те ѕвездички заради одличните резултати при тестирање, и тоа:

  • Заштита на возрасни патници: 94%
  • Заштита на деца патници: 83%
  • Заштита на пешаци: 64%
  • Системи за безбедност во возилото: 100%

Секако, тука играат улога и одличните системи за безбедност, меѓу кои се вбројуваат и адаптивниот темпомат, односно Adaptive Cruise Control, системот за избегнување судари Forward Collision Mitigation, и системот за предупредување за напуштање на лентата на движење, односно Lane Departure Warning.

Честитки за Mitsubishi, а ние ќе се обидеме набргу да ви ги пренесеме нашите импресии од новиот Outlander!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.