Porsche Cayman е всушност Boxster со тврд покрив, но добро знаеме дека Cayman е многу повеќе од тоа. Денес ги пренесуваме првите фотографии и малкуте официјални податоци за новото мало купе на Porsche!
Porsche ќе ги објави сите официјални податоци за новиот Cayman наскоро, но веќе знаеме некои детали. Знаеме дека на почетокот ќе се нудат две верзии – „основниот“ Porsche Cayman кој ќе доаѓа со 2.7 литарски мотор и ќе нуди 275 коњски сили, додека посилната варијанта – Cayman S – ќе доаѓа со 3.4 литарски мотор и ќе нуди 345 коњски сили. И едната и другата верзија нудат 10 коњски сили повеќе од соодветниот Boxster.
На „протечените“ фотографии кои ги гледаме тука, новиот Cayman изгледа многу поубаво спакуван од својот претходник – купе линијата е многу попривлечно изведена, и повеќе наликува на помал 911 отколку на Boxster со навлечен кров.
Повеќе информации ќе имаме наскоро!