2013 Hennessey Venom GT ќе биде засилен на 1500 коњски сили! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

2013 Hennessey Venom GT ќе биде засилен на 1500 коњски сили!

2013 Hennessey Venom GT ќе добие значајно зголемување на силата, и тоа на 1500 кс, заедно со некои дизајнерски промени на каросеријата.

Новиот 2013 Venom GT ќе биде погонуван од 7.0-литарски твин-турбо V8 агрегат со 1500 кс, за разлика од 1200-те кс кај Venom GT од 2012 година. Моторот ќе биде усогласен со шест-степена мануелна или нова седум-степена секвенцијална трансмисија. Иако перформансите не се откриени, новиот модел би требало да е побрз благодарение на неговиот подобар однос на сила-спрема-тежина, кој изнесува повеќе од 1кс на 1кг. За потсетување, 2012 Venom GT тежи 1,220 кг, а потребни му се само 2.2 секунди да достигне 100 км/ч, на патот до неговата максимална брзина од 440 км/ч.

Моделот ќе ја преземе истата карбонска структура со активно задно крило за додатна потисна сила. Hennessey ќе направи некои измени на вратите кои ќе добијат нов дизајн, додека двојно испакнатиот кров ќе овозможи дополнително место за главите. Сепак, најприметливата измена е замената на Lotus-овите предни светлосни групи со ново дизајнирани. Исто така на предниот дел се забележува откриен отвор за воздух од јаглеродни влакна, нов поклопец на моторот и нови странични ретровизори.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.