Mercedes-Benz CLA45 AMG пристигнува во 2014 – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Mercedes-Benz CLA45 AMG пристигнува во 2014

Додека ние ја чекаме официјалната промоција на моделот А45 AMG, во Mercedes го подготвуваат и CLA45 AMG.

Ова купе со четири врати ќе ја користи платформата на новите А и B класи, додека под поклопецот ќе се наоѓа 2.0-литарски четири-цилиндарец со 349 кс и 450 Nm максимален вртежен момент, усогласен со седумстепена трансмисија со двојна спојка. Силата ќе се пренесува кон сите четири тркала.

Забрзувањето од 0-100 км/ч на CLA45 ќе трае околу 5 секунди, а неговата максимална брзина ќе биде ограничена на 250 км/ч, додека во опционалниот performance пакет ќе изнесува 270 км/ч. Автомобилот ќе биде поставен на прилагодена суспензија и ќе биде опремен со посилни сопирачки, спортски издувен систем, аеродинамичен боди кит и поспортски ентериер.

Стандардниот Mercedes-Benz CLA официјално ќе биде претставен во Јануари во Детроит. Исто како и стандардните верзии на CLA, и CLA45 AMG ќе се произведува во новата фабрика на Mercedes во Унгарија.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.