Nelson Racing Engines направи Camaro од 1969-та година со 2,000 кс – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Nelson Racing Engines направи Camaro од 1969-та година со 2,000 кс

Nelson Racing Engines ги здружија силите со eGarage и Roadster Shop за да го создадат ова уникатно Chevrolet Camaro од 1969 година.

Најважната цел постигната со овој тјунинг проект се вртоглавите 2,000 кс кои се добиени благодарение на моторот со голем блок кој има зафатнина од 572 кубни инчи (околу 9.3 литри) потпомогнат од два турбо полначи. Огромната сила се пренесува преку шест-степен менувач кон задната оска. Покрај тоа, додаден е и издувен систем од не’рѓосувачки челик, додека за поефикасно ладење е опремен со двоен ладилник со два вентилатори.

Автомобилот вози на HRE фелни обвиени во Drag Radal пневматици, а силата на сопирање ја овозможуваат електрично потпомогнати диск сопирачки поставени на четирите тркала. Ова уникатно Camaro користи двојни вбризгувачи на гориво на секој цилиндар и автоматски вбризгува тркачки гас преку вториот вбризгувач.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.