Lumma ја најавува својата верзија на новиот Range Rover – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Lumma ја најавува својата верзија на новиот Range Rover

Беше само прашање на време кога светските тјунери ќе му го посветат своето внимание на новиот Range Rover. Еден од првите е Lumma, која го најавува пакетот наречен Lumma CLR R.

Пакетот вклучува нов преден браник, хауба од јаглеродни влакна и нова маска на ладилникот, но и проширени странични прагови и крила, нов заден спојлер и нов заден браник од јаглеродни влакна. Покрај тоа, возилото е спуштено поблиску до подлогата и добива и големи 22-инчни тркала со гуми во димензии 315/3о-22.

Немаме слики од внатрешноста, но Lumma најавува дека и внатрешноста ќе го добие истиот третман, а дека големиот 5-литарски компресорски V8 агрегат ќе може да се „навие“ на 540 или 560 коњски сили. Има најава за тјунинг и на дизелските агрегати, но сеуште немаме официјални податоци.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.