Официјално: BWM 6-Series Gran Coupe – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Официјално: BWM 6-Series Gran Coupe

Приказната за купе-седаните со четири врати ја започна Mercedes со CLS, а ја продолжи Volkswagen со Passat CC, па Audi со А7. Сега дојде ред и на Баварците – нивниот натпреварувач се вика BMW 6-Series Gran Coupe.

Но додека другите конкуренти земаа седани и од нив направија „купе“ изведби, BMW ја изведе својата верзија од постоечко купе – поточно веќе познатата BMW 6-Serie. Тоа значи веќе познат дизајн кој е соодветно развлечен и прилагоден за да се додаде уште една врата и уште малку место на задните седишта.

BMW 6-Series Gran Coupe е долг 5007 милиметри, 1894 милиметри а висок 1392 милиметри. Меѓуоскиното растојание е 2968 милиметри – или цели 113 милиметри повеќе од обичната 6-ка.

Во внатрешноста се повторува дизајнот на веќе познатата серија 6, со тоа што заради продолженото меѓуоскино растојание, сега на задната клупа можат да седнат луѓе кои всушност имаат нозе. Секако, не се сомневаме во возечките способности на новата серија 6 Гран Купе. На почетокот таа ќе биде придвижувана од бензински или од дизелски агрегат, и двата со озната 640, или големиот 650i. 650i со неговиот 4.4-литарски би-турбо мотор развива 450 коњски сили и 650 Nm, а 640d има 3-литарски, 6-цилиндарски турбодизел кој развива 313 коњски сили и 630 Nm.

Старт-Стоп системот ќе биде дел од сериската опрема кај сите модели, како и системот за регенерација на енергија при кочење. Секако, како и секогаш ќе биде достапна и M-Sport опремата, која на 6-Series Gran Coupe треба да му даде поспортски и подинамичен лик.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.