Volkswagen малку ќе го дотера својот најлуксузен седан – Phaeton. Да видиме што вклучува Premium изведбата.
Ексклузивната Premium верзија носи со себе новi седишта во внатрешноста, на кои комфортот им е единствената цел. Заедно со ова, доаѓаат и нови материјали во внатрешноста како и цела низа сигурносна опрема – Cruise Control, Dynamic Light Assist, како и технологијата која ги распознава сообраќајните знаци. Потоа, доаѓаат мерачот на притисок во гумите, задната камера како и аларм.
Phaeton Premium освен поголеми, 18-инчни фелни не добива некои позначајни промени на надворешноста по кои ќе се разликува од „обичниот“ Phaeton.
Premium изведбата ќе биде достапна за целата понуда на Phateon.