Први фотографии од освежената Seat Ibiza Cupra! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Први фотографии од освежената Seat Ibiza Cupra!

Покрај стандардниот модел, и спортската Cupra изведба на Ibiza доби освежување – а ние ви ги пренесуваме првите фотографии и официјални детали за малиот Шпански спортист!

Освежениот модел ја носи новата маска која веќе ја знаеме од стандардниот модел, но како и што очекувавме, доаѓа со поголеми отвори за воздух, ексклузивни LED предни и задни светла, 17-инчни тркала и заден дифузер со централно поставен завршеток на издувниот систем. Во внатрешноста има нов спортски волан, нови материјали како и нов мултимедиски систем. Ibiza Cupra доаѓа и со XDS електронскиот диференцијал кој се нуди во некои од најспортските модели на Volkswagen Групацијата, а доколку сака, купувачот може да нарача и систем за кочење од AP Performance.

Она што е интересно за сите вљубеници во спортските верзии на Шпанскиот огранок на Volkswagen се моторите, а тука е понуден 1.4-литарскиот TSI агрегат со турбо и компресор кој испорачува 180 коњски сили и 250 Nm вртежен момент. Со овој мотор Ibiza Cupra забрзува до 100 километри на час за 6.9 секунди, а максималната брзина е 228 километри на час. Декларираната потрошувачка изнесува само 5.9 литри на 100 изминати километри.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.