Porsche Cayenne нашминкан од Kahn Design – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Porsche Cayenne нашминкан од Kahn Design

Уште од неговата прва генерација, Porsche Cayenne беше омилен на тјунерите кои се обидуваа да ги задоволат желбите на неговите сопственици за повеќе сила и уникатен изглед.

Најновиот пакет на Kahn Design не нуди засилување на перформансите, но содржи козметичко разубавување за кросоверот. Supersport Wide Track пакетот ја опремува каросеријата на Cayenne со нови пошироки додатоци на крилата, странични прагови, спојлер на петтата врата и кровен спојлер.

Надворешниот дел од пакетот се заокружува со рачки на вратите обени во мат црна боја, капаци на сопирачките во златна боја, затемнети прозорци, хромирани издувни цевки и огромни 22-инчни Kahn RS фелни, а додадена е и нова пониска суспензија.

Во внатрешноста, седиштата се истапацирани со црна и карбонска кожа со контрастни шевови во боја на слонова коска, мерачите на инструмент таблата се обоени во кремаста и црвена боја, и додадени се црни патосници.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.