Оваа впечатлива машина, Toyota Sequoia Family Dragster, е едно од четирите возила од гамата на Toyota, подготвено за овогодинешната SEMA.
Автомобилот е како најлошиот семеен кошмар, или најдобриот сон во зависност од тоа како гледате на него. Моделот е погонуван од 5.7-литарски V8 агрегат опремен со TRD компресор и интеркулер. Ова значи дека наместо 380 коњски сили со кои Sequoia ја напуштила фабриката, сега располага со 650 коњски сили. Покрај останатото, концептот е опремен со целосен заштитен кафез, спортски бодикит направен од јаглеродни влакна, како и масивни 21.5 инчи широки задни гуми.