Hyundai i30 со 600 кс на SEMA 2012 – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Hyundai i30 со 600 кс на SEMA 2012

Hyundai ќе има уште еден лут претставник, развиен од Bisimoto Engineering, на овогодинашниот саем за тјунирани автомобили SEMA.

Компанијата од Калифорнија подготви импресивен тјунинг пакет со тоа што 1.8-литарскиот агрегат го „зајакна“ од стандардните 148 кс на импресивни 600 кс. Тие успеале да го направат ова со користење на специјални компоненти, како што се Turonetics турбополнач, брегасти осовини и Bisimoto вбризгувачи со висок притисок. Исто така е опремен со Arias ковани клипови, NGK иридиумски свеќици и Sparco интеркулер.

Покрај засилувањето на моторот, автомобилот претрпи измени во шасијата и суспензијата како и модификации на екстериерот и ентериерот. Поставен е заштитен кафез, нови амортизери, стабилизатори, како и 18-инчни Buddy Club P1 Racing Challenge фелни.

Во внатрешноста се додадени тркачки седишта, Racepack IQ3 инструмент табла и AEM инструменти за притисок на турбото, гориво итн.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.