Ретко кој сопственик на BMW X5M ќе побара помош да го надгради неговиот скоро совршен SUV, но за таквите тука е Velos Designwerks, а резултатот е повеќе од добар.
Velos Designwerks направиле некои надградби на перформансите кои ги нарекуваат Stage 2+. Овие модификации на моторот вклучуваат промена на параметрите на електронската единица. Резултатот е околу 645 кс при 6800 вртежи и 854 Nm при 3500 вртежи во минута, за разлика од стандардните 555 кс и 678 Nm вртежен момент. Исто така додаден е и нов издувен систем комбиниран со Akrapovic издувни цевки.
Velos Designwerks направи и неколку аеродинамични модификации на нивниот BMW X5M. Екстериерот доби нов преден спојлер, модифициран заден дифузер од јаглеродни влакна, како и нов сет од ADV1 фелни комбинирани со KW суспензија и BREMBO сопирачки. Опционално може да се добие и карбонска хауба со отвори за влез на воздух.
Ентериерот на овој луксузен кросовер сега има нов BMW Performance волан и Harwire Valentine One детектор за радар.