B&B претстави нов тјунинг програм за Range Rover Evoque кој се состои од подобрување на перформансите и дискретно разубавување на ектериерот.
Однадвор, кросоверот може да биде опремен со спортски издувен систем од не’рѓосувачки челик, сопирачки со високи перформанси и избор од 19, 20 или 22-инчни алуминиумски тркала. Тјунинг компанијата исто така нуди повисока или пониска суспензија за 30 mm.
Што се однесува до засилувањето на агрегатите, 2.2-литарскиот eD4 и 2.2 TD4 може да добие надградба на софтверот на компјутерската единица која му овозможува на моторот да произведува 180 кс и 450 Nm. Во понуда е и втора стаза која ја зголемува силата на 200 кс и 475 Nm вртежен момент.
2.2-литарскиот SD4 агрегат може да биде засилен да испорачува 230 кс и 480 Nm или 245 кс и 500 Nm максимален вртежен момент.
На крај, 2.2-литарскиот Si4 мотор може да биде засилен на 272 кс и 400 Nm. Втората стаза ја зголемува силата на 286 кс и 410 Nm, додека третата стаза додава и спортски издувен систем за импресивни 300 кс и 425 Nm вртежен момент.