Lamborghini го претстави обновениот 2013 Gallardo Spyder – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Lamborghini го претстави обновениот 2013 Gallardo Spyder

Веќе ја видовме новата понуда на 2013 Gallardo купе на саемот во Париз, а сега Италијанскиот производител ја претстави Spyder варијантата од нивниот најмал спортист.

Автомобилот ги добива истите измени и подобрувања од купе моделот. Ова значи дека Gallardo LP560-4 Spyder доби поаглест преден и заден дел, со поголеми отвори за воздух одназад за да се овозможи подобро ладење на V10 агрегатот, кој продолжува да испорачува 553 кс и 540 Nm вртежен момент.

Измените ги заокружуваат новите 19-инчни алуминиумски “Apollo polished” тркала, а најверојатно Lamborghini ќе го нуди истиот Style пакет како кај освеженото купе.

Црвениот Gallardo Spyder со дрните детали и линии е новата Edizione Tecnica верзија од Performante едицијата. Исто како 2013 Gallardo LP570-4 Superlegger Edizione Tecnica, Spyder варијантата ги задржува истите браници како претходно, но добива нов асортиман од делови, вклучувајќи фиксиран заден спојлер, стандардни керамички сопирачки и уникатни бои.

2013 Gallardo купе и Spyder моделите ќе започнат со продажба во Ноември оваа година.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.