Наредниот Ford Focus RS ќе добие 2.3-литарски EcoBoost мотор со 350 кс? – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Наредниот Ford Focus RS ќе добие 2.3-литарски EcoBoost мотор со 350 кс?

Најновиот извештај, кој доаѓа од инженерскиот менаџер на Европската дивизија на тимот RS, кажува дека новиот Focus RS ќе добие паметен активен диференцијал развиен од GKN, истата Британска компанија која беше задолжена за активниот диференцијал на BMW M.

Под поклопецот, би можела да се најде посилна верзија од 2.0-литарскиот EcoBoost агрегат, кој се вградува во Focus ST, но засилен на 300 кс. Сепак, има поголеми шанси да биде вграден 2.3-литарски EcoBoost со околу 350 кс кој е моментално во развој во САД.

Најверојатно, следната генерација на Ford Focus RS ќе се продава само како пет-вратен модел.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.