Создадена првата целосно карбонска фелна! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Создадена првата целосно карбонска фелна!

Во моментов, главна преокупација на компаниите низ целиот свет е да ги внесат јаглеродните влакна и нивните предности во сите автомобили.

По скоро цела декада развој, Австралиската компанија Carbon Revolution го претстави CR9  – првата целосно карбонска едноделна сериска карбонска фелна. При тестирањата, фелната создадена од јаглеродни влакна не само што се покажал за 50% полесен од конвенционалните алуминиумски тркала, туку исто така и ги надминал Европските стандарди.

Придобивките кои автомобилот ги добива со CR9 фелните се подобрена потрошувачка на гориво, намалена емисија на издувни гасови, како и подобрени перформанси. Carbon Revolution велат дека нивниот дизајн ги задоволува сите Европски стандарди и барања на сертификационото тело, вклучувајќи ги SAE 2530, Германските TUV и ОЕМ AK-LH 08 стандарди.

Карбонските тркала моментално се достапни само во големини 19×8.5 и 19×12, и се дизајнирани специјално за Porsche 911. Компанијата вели дека тие се компатибилни со системите за прикажување на притисок во гумите, додавајќи дека во наредниот период ќе биде бидат произведени и многу повеќе различни големини.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.