Со неговата осма победа на Релито во Франција, Себастијан Лоеб ја осигура рекордната деветта последователна титула во Светскиот Рели Шампионат.
Триесет и осум годишниот Лоеб, за кого ова е последна сезона во WRC, ја извојува својата рекордна 75-та победа за Citroen во неговото родно место Агено, во источна Франција. Исто така, неговата победа значеше и осма конструкторска титула за Citroen.
Моментално Лоеб е на врвот на табелата со 244 поени, 71 бод пред Хирвонен кој заврши на третата позиција во Франција, и со само две трки до крајот на сезоната веќе е јасно дека “Летечкиот Французин” спектакуларно ќе ја заврши неговата последна WRC сезона.
На втората позиција со заостанување од 15 секунди се најде Финецот Јари Мати Латвала, додека третото место на подиумот го завзема вториот возач на Citroen, Мико Хирвонен со заостанување од 30 секунди позади Латвала. Четвртото место го освои Тиери Невил, а на останатите позиции се најдоа Остберг, Новиков и Аткинсон.
Вториот возач на Ford, Петер Солберг, за жал не успеа да го заврши релито откако во првиот ден со својата Fiesta RS WRC излета во лозје, а потоа се удри во дрвен столб.