Ssang Yong на саемот во Париз настапи со e-XIV, кој претставува концептен модел за хибриден електричен кросовер.
e-XIV е третиот модел од XIV серијата на кросовер концепти на Ssang Yong , по три-вратната студија XIV-2 прикажана на саемот во Женева во Март и пет-вратниот XIV-1 прототип од 2011-тото издание на автомобилскиот саем во Франкфурт. Овој хибриден концепт е долг 4,160 mm, широк 1,790 mm и висок 1,575 mm, а вози на меѓуоскино растојание со должина од 2,600 mm.
Ssang Yong го опишува моделот како електрично и возбудливо возило со кориснички интерфејс, кое е опремено со хибриден погон составен од електричен мотор кој го придвижува автомобилот и мал бензински агрегат кој ги полни батериите кога тие ќе се испразнат и го продолжува опсегот на возење. Ние не се ни обидуваме да го опишеме.