Espera Sbarro Eight Concept – Најдобриот студентски проект на Париз 2012 – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Espera Sbarro Eight Concept – Најдобриот студентски проект на Париз 2012

На овогодишниот Париски саем резервирано место имаше и овој карбонски хот род, дело на студентите од школата за дизајн Espera Sbarro Montbeliard.

Наречен Eight, овој концепт е создаден за само осум недели, а покрај тоа што e навистина интересен неговиот специфичен стил, овој хот род има и агрегат кој одговара на неговиот агресивен и спортски изглед. Под неговиот поклопец се наоѓа V8 Maserati мотор со 360 кс кои ги испорачува кон задните тркала.

Sbarro Eight Concept е направен со цел да се прикажат некои од последните технологии достапни на автомобилските производители, влкучувајќи таблет компјутер поставен на централната конзола. Апликациите како навигација, интернет, Read & Go за книги, Liveradio и Deezer за музика и Cineday за филмови ќе ги забавуваат возачот и совозачот во текот на нивните дестинации.

Eight исто така располага со Parrot Asteroid Smart радио поставено на Android со 6.2-инчен екран кој може да се поврзе на Аsteroid Market, со мобилни телефони преку Bluetooth, или да прикаже видеа преку aux приклучоците, а безжичниот полнач и мобилниот стерео систем го заокружуваат технолошкиот пакет. Веруваме дека оваа прекрасна креација ќе биде инспирација за други вакви суперлесни спортисти со hot rod изглед.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.