Официјално: Mercedes-Benz B-Class Electric Drive – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Официјално: Mercedes-Benz B-Class Electric Drive

Mercedes-Benz го одбра автомобилскиот саем во Париз да ја претстави целосно електричната верзија од компактниот кросовер во форма на B-Class Electric Drive концепт.

Студијата B-Class е првата која ја доби “Electric Drive” назнаката, која од сега па натаму ќе ги краси сите електрични патнички автомобили од Mercedes-Benz и Smart. Концептот B-Class Electric Drive располага со електричен мотор кој испорачува 134 кс и 310 Nm вртежен момент, а според производителот има автономија на возење од 200 км.

Батеријата е сместена во таканаречениот “Енергетски Простор” во подот пред задната оска, со цел да се постигне подеднакво голем простор во внатрешноста како кај верзиите на гориво. Може да се полни на 230V приклучок за струја од градската мрежа или за брзо полнење, на 400V високо волтажен терминал.

Mercedes Benz потврди дека од B-Class концепт ќе произлезе и сериска изведба, која ќе излезе во продажба во 2014 и за брзо време ќе биде придружена од SLS AMG Electric Drive  и Smart Brabus Elecrtic Drive моделите. Нејзин главен конкурент ќе биде BMW Серија 1 GT, чиј концепт беше прикажан како Concept Active Tourer.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.