Објавени кандидатите за Европски Автомобил на Годината за 2013! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Објавени кандидатите за Европски Автомобил на Годината за 2013!

Започнува трката за признанието за автомибил на годината и објавена е пошироката листа на кандидати – 34 автомобили од кој само еден ќе биде Car Of The Year! Кој е вашиот фаворит?

Почнува трката за најдобриот автомобил, но пред да ги претставиме кандидатите и да ги откриеме критериумите кои секој кандидат мора да ги задоволи за да може да се најде на оваа листа.

Правилата се јасни – за да може еден автомобил да се најде на оваа листа мора да е достапен во најмалку пет Европски држави цели 12 месеци. Освен тоа, продажбата треба да биде над 5.000 примероци и да се работи за нов автомобил.

Од овие 34 автомобили, во Декември ќе бидат издвоени најдобрите седум од кои ќе биде прогласен победникот. Притоа, 58 новинари од 22 Европски земји ќе го имаат правото на глас.

Да ги погледнеме кандидатите за автомобил на годината:

Кој е вашиот фаворит? Придружете се на нашиот форум и дискусијата за Car Of The Year 2013.



Во своите најлуди соништа Димитар вози Ford Fiesta ST, а во реалноста ја обожава својата "нормална" Fiesta. Среќен што е дел од CARclub.