Модерна дизанерска интерпретација на класичниот Lotus Seven – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Модерна дизанерска интерпретација на класичниот Lotus Seven

Едноставниот и супер лесен Lotus Seven е еден од најславните модели кој е создаден во Велика Британија, a во исто време служеше како инспирација за многу други спортски автомобили низ целиот свет.

Моментално, тој е познат под името Caterham 7, по 39 години откако Caterham ги откупи правата за дизајнот. Низ четириесетте години, овој Британски автомобилски производител значително ја подобри шасијата и ги надгради механичните компоненти на Seven, додека во исто време остана верен на оргиналниот автомобил.

Единствената работа која остана непроменета е неговиот традиционален изглед, кој очигледно не му се допаѓал на независниот Руски дизајнер Јури Замковенко, па затоа тој го претстави неговиот поглед за тоа како Caterham 7 би требало да изгледа денес.

Неговата креација ја задржала оргиналната традиционална форма со отворени тркала, но сега располага со поприродни и пооргански линии, давајќи му помоќен и помодерен изглед. Доколку зависеше од нас, ние без размислување би го одобриле овој дизајн да се употреби врз шасијата на Caterham 7 уште веднаш.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.