Најавен Hyundai Genesis Coupe R-Spec Track Edition за SEMA – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Најавен Hyundai Genesis Coupe R-Spec Track Edition за SEMA

Hyundai ја продолжува нивната долгогодишна соработка со ARK Performance за автомобилскиот Саем SEMA оваа година, кој ќе се одржи од 30-ти Октомври до 2-ри Ноември во Лас Вегас.

Најавена е специјална верзија, опишана како “ултра-високо-перформансна тркачка едиција” од освежениот Genesis Coupe R-Spec модел. Новиот 3.8-литарски V6 агрегат е засилен да произведува 395 кс и 460 Nm вртежен момент. Ова било постигнато со замена на доводот за воздух, ладилникот за маслото, коленестото вратило и репрограмирање на електронската единица.

Надворешноста на автомобилот е екстремна и располага со тркачки боди кит направен од јаглеродни влакна, во кој спаѓаат и масивен преден сплитер, хауба со отвори за воздух и масивен заден спојлер. Силата на сопирање на моделот е исто така многу подобрена со додавање на шест-клипни големи сопирачки и ARK гуртни од јаглеродни влакна.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.