Регулаторната Комисија за Енергетика ги објави новите, пониски малопродажни цени на горивата!
Како и секој втор понеделник, така и денес Регулаторната Комисија за Енергетика ги објави најновите цени на горивата. Согласно нивната методологија за пресметка на највисоките цени, малопродажните цени на горивата се намалуваат во просек за 2.52%.
Соодветно на тоа, цената на ЕУРОСУПЕР-95 ќе изнесува 83 денари, а цената на ЕУРОСУПЕР-98 ќе изнесува 85 денари за еден литар гориво. Дизелот поевтинува денар и половина, и ќе се продава по цена од 72 денари за литар.
Цените стапуваат на сила вечерва на полноќ, а ќе важат следните 14 дена.