Светската премиера на компактниот моноволмен од KIA, Carens ќе се одржи на саемот во Париз за неколку дена, но Корејците одлучија да не почестат со неколку фотографии.
Важните детали за овој моноволумен сеуште се држат во тајност, но како што може да видиме од фотографиите, Carens е всушност миниван верзија на Cee`d. Сепак Carens добива модифицирана платформа од Cee`d, а најверојатно Cee`d ќе ги позајми моторите на Carens.
Според KIA, пространоста на Carens е главниот адут – овој моноволумен ќе може да смести седум патници, а ќе го има и во верзија со пет седишта.
Погледнете ги првите фотографии од новиот автомобил на KIA, а по светската премиера на Carens ќе ги имаме и поважните информации за овој модел.