Toyota ќе претстави TRD Performance Line спортски додатоци за GT86 во Париз – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Toyota ќе претстави TRD Performance Line спортски додатоци за GT86 во Париз

Тоyotа ќе претстави цел сет од нивната гама на TRD Performance Line додатоците за GT86 на Саемот во Париз од 29-ти Септември до 14-ти Октомври.

TRD, што значи Toyota Racing Development (Тркачки Развој на Тојота) изпорачува тјунинг делови за возилата на Toyota веќе пола век, а сега нивните производи се достапни низ Европа за прв пат во историјата.

Во Париз, Јапонскиот автомобилски производител ќе прикаже GT86 опремен со одбрани делови за да ја изложи севкупната гама на надворешни, внатрешни и механички компоненти кои се достапни за спортското купе со заден погон во Европа. Toyota истакна дека TRD деловите нема да бидат групирани во пакети, и секој ќе се продава посебно.

За надворешноста, гамата на TRD содржи мноштво аеродинамични делови како преден спојлер, странични прагови, заден спојлер над багажникот и заден дифузер, а сите ќе можат да се порачаат во бела со на делови црна боја, целосно црни, или необоени.

Други достапни можности се металик сив капак на резерварот за бензин, заден дифузер од не’рѓосувачки челик и избор од два сета на TRD 18-инчни алуминиумски бандажи.

Во внатрешноста TRD нуди копче за стартување на моторот монтирано на централната козола, како и нова рачка на менувачот обиена во кожа.

За оние кои сакаат да го подобрат управувањето на автомобилот, подвозјето може да биде подобрено со целосен сет од пружини и амортизери, преден и заден сет на стабилизатори, нов пакет на сопирачки од дискови со дијаметар од 355 mm напред и 345 mm позади со црвени моноблок brembo клипови.

Нема надоградби за зголемување на силата на моторот, но TRD нуди нов издувен систем со четири издувни цевки кои му даваат на автомобилот спортски звук.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.