За тие кои мислат дека стандардниот BMW M3 E92 е бавен, Manhart го има решението – MH3 V8 RS Biturbo Clubsport.
Тие го преместиле 4.4-литарскиот твин турбо мотор од M5 во каросеријата на M3, со спектакуларни резултати. Сепак, агрегатот не е оставен на неговите стандардни 560 кс, туку е засилен на 750 кс, додека вртежниот момент достигна 910 Nm. Овие бројки му овозможуваат на модифицираниот M3 да забрза од 0-100 км/ч за 3.2 секунди, пред да ги достигне максималните 350 км/ч, a oва го прави ривал на повеќето супер автомобили.
Тежината е исто така намалена, додека додавањето на заштитен кафез во портокалова боја ќе направи возачот и патникот да се чувствуваат многу посигурно, а во исто време ќе му даде и тркачко чувство на автомобилот. Моделот исто така е опремен и со потврда суспензија, поголеми сопирачки, како и специјални бандажи со многу широки гуми.