Најава за трки – Кичево I и Кичево II – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Најава за трки – Кичево I и Кичево II

По успешно организираниот натпревар во Радовиш, Авто Картинг Клубот Примо АВЈ од Скопје ќе организира уште два авто натпревари на кружни патеки – овој пат на воениот полигон во Кичево на 22 и 23 септември.

Според најавите, на патеката долга 2050 метри се очекуваат повеќе од 20 натпреварувачи, а покрај домашните голем интерес за овие два натпревари пројавуваат и возачите од соседните земји. Сето ова ветува дека возбудувањата во авто спортот во Република Македонија продолжуваат, а на голема радост на Кичевчани кои оваа година немаа можност да гледаат ниту една авто-мото трка на својата домашна патека, но и на сите останати искрени вљубеници во највозбудливиот адреналински спорт.

Во сабота на 22 септември тренинзите ќе започнат во 11.30 часот, а првата трка ќе се вози со почеток од 14.30 часот. Во недела трката ќе започне во 12 часот по што ќе следи и прогласувањето на најдобрите учесници.

На голема радост на вљубениците во авто-мото спортот возбудувањата нема да завршат во Кичево. Повторно ќе гледаме трка на традиционалната патека на релација МТВ – Скопски Саем – Факултети во Скопје последниот викенд од октомври каде се очекува настап на преку 50 натпреварувачи од земјава и соседството, а сезоната ќе заврши онаму каде што и започна – во Радовиш, првиот викенд од ноември.

Извор: А.К.К. „Никола Карев“ – Скопје



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.