Nissan TeRRa Concept – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Nissan TeRRa Concept

Интернет-дебито на новитетите кои ќе бидат прикажани наскоро на саемот во Париз продолжува – следен на списокот е електричниот концепт на Nissan!

Овој концепт всушност претставува новиот проект на Nissan, автомобил кој ќе има нула емисии на CO2! Официјални информации за овој концепт нема сеуште, но имаме неколку фотографии.

Nissan TeRRa е прототип на компактен кросовер за кој се шпекулира дека наскоро ќе го видиме и во сериско производство.

Дизајнот е секако несекојдневен, како и секој друг концепт, но нас TeRRa не потсетува на веќе познатиот Nissan Juke. Интересен детал со кој би требало да се издвои од конкурентите е несекојдневниот начин на отварањето на задните врати.

Повеќе информации за овој концепт на Nissan очекуваме непосредно пред неговото официјално претставување.



Во своите најлуди соништа Димитар вози Ford Fiesta ST, а во реалноста ја обожава својата "нормална" Fiesta. Среќен што е дел од CARclub.