Honda EV-STER: Спортист за иднината; Honda CR-Z iCF оди во производство! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Honda EV-STER: Спортист за иднината; Honda CR-Z iCF оди во производство!

Инженерите на Honda не губат време. Откако ни го покажаа Small Sports EV концептот, сега го гледаме како завршен концепт. Дали Honda подготвува наследник на легендарната S2000?

Што знаеме за концептот?

Малиот концепт е со навистина компактни димензии. 3.57 метри долг, 1.5 метри широк и само 1.1 метар висок, EV-STER е концепт кој е предвесник на новата спортска насока на Јапонскиот производител. Иако не знаеме од што точно е придвижуван, EV-STER (игра на зборови од Electric Vehicle и Roadster) го движи електричен мотор кој му дозволува да забрза до 100 километри на час за само 5 секунди и да стигне до максималните 160 километри на час.

Според Хонда, батериите се полнат за помалку од три часа. Со едно полнење ќе можат да се пројдат до 160 километри, а интересно изгледа и футуристичкиот управувач.

А што со CR-Z?

По навистина одличниот одзив на кој наиде CR-Z спортското хибридно купе на Honda, Англиската рака на нивната тјунинг дивизија Mugen реши да го пушти во производство Mugen CR-Z купето.

Разликата во моќност е импресивна – со додаден компресор на 1.5 литарскиот мотор, сега малото купе развива 175 коњски сили и забрзува до 100 за 6.1 секунда, односно цели 3 секунди побрзо од стандардниот RC-Z. CR-Z iCF ќе биде исклучиво за Британскиот пазар, а ние можеме да се надеваме дека некогаш ќе се појави и кај нас. Најавената цена е околу 24.000 фунти.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.