Stage III пакетот од Wheelsandmore, за Mercedes CLS 63 AMG, ја зголемува силата на моторот на 700кс!
Оваа тјунерска компанија успеа да извлече 700 кс и 1100 Nm вртежен момент од 6.2-литарскиот V8 агрегат. Тоа е постигнато со промена на софтверот, нов издувен систем, спортски катализатор и оптимизиран довод на воздух. Електронската AMG суспензија доби неколку измени кои го приближуваат автомобилот 30mm поблизу до подот.
Тркалата се 20-инчни, три делни, ултра лесни 6Sporz² бандажи во мат црна боја, обвиени во Continental Sport Contact 5 P гуми во профил 255/30/20 и 305/25/20 назад.