Volkswagen Jetta Hybrid е најбрзиот хибриден автомобил во светот! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Volkswagen Jetta Hybrid е најбрзиот хибриден автомобил во светот!

Модифицирана 2013 Volkswagen Jetta Hybrid постави нова рекордна брзина за автомобил со хибриден погон, така што на исушеното солено езеро Bonneville во Невада постигна 298,36 км/ч.

Сериската 2013 Jetta Hybrid користи 1.4-литарски турбо натполнет, четири-цилиндарски TSI бензински мотор кој испорачува 150 кс, усогласен со седум-степен автоматски DSG менувач со дупла спојка, плус електричен мотор кој произведува додатни 27 коњски сили.

Volkswagen не објави детали за измените направени на Jetta Hybrid, а не ги објави ниту нејзините конечни перформанси. Германската компанија истакна само дека во проектот учествувале Volkswagen-овиот центар за истражување и развој од Волфсбург во Германија, како и A-Salt Racing, Advanced Product Engineering и Volkswagen Test Center во Калифорнија.

Според Volkswagen, 298 км/ч е најголемата брзина која ја има достигнато некое хибридно возило базирано на сериски автомобил.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.